Кајри Ирвинг стана член на индијанското племе Сијукси

Емоционалната церемонија во која учествуваше кошаркарот на Бостон Селтикс, Кајри Ирвинг, беше организирана од племето Сијукси од Стендинг Рок. Ирвинг го доби индијанското име „Мала Планина“ и сега официјално е дел од ова старо американско племе.

За време на церемонијата Кајри Ирвинг носеше традиционална племенска кошула и стоеше на кожа од бафало, додека старешината на племето, Вернон Железен Коњ, се молеше над него.

Група од племенски тапанари свиреа и се молеа, а за целото тоа време Кајри Ирвинг беше завиткан во ќебе, имаше орелски пердув во косата заедно со медицинска топка направена од боцки од еж и на главата носеше медаљон за да може да го „прими“ неговото ново индијанско име.

Постарата сестра на Кајри Ирвинг, Ејжа, исто така беше дел од церемонијата. Таа го доби името „Бафало Жена“ и беше примена како дел од племето заедно со нејзиниот брат.

„Горди сме што примаме двајца наши членови во племето. Ова дефинитивно е историски момент“, изјави претседателот на Стендинг Рок, Мајк Фејт.

Предците на мајката на Ирвинг, Елизабет Ларсон, имаат потекло од племето Сијукси – Стендинг Рок, но таа беше посвоена од друго семејство уште кога беше дете. Мајката на Кајри Ирвинг почина кога тој имаше само 4 години, па затоа тој до скоро не знаеше многу за неговото индијанско потекло.

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе