Кајгана ве води на музичкиот спектакл Skopje Calling

Кајгана, во соработка со Авалон Продукција, ве води на првото издание на музичкиот спектакл Skopje Calling, со светски познатиот диџеј и продуцент Дејвид Гета, како хедлајнер. 

На 5 јуни (недела) под името Skopje Calling, на Градскиот стадиион арената „Филип Втори“, ќе се одржи музички спактакл со една од најголемите глобални ѕвезди на денешницата, Дејвид Гета. Гета важи за музичар што ги прави едни од најдобрите забави во светот како диџеј, и најголемите хитови како продуцент во соработка со Ријана, Мадона, Естел, Бритни Спирс, Ники Минаж и многу други.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=uO59tfQ2TbA]

Пред Гета како специјален гостин ќе настапи Робин Шулц, еден од најактуелните диџеи во последниве неколку години и сигурно највртениот артист во последниве неколку месеци на сите светски радио станици. Тој ќе изведе 90 минутен сет со најголемите денс хитови со кои ги освои светските топ листи, водечките фестивали и клубови ширум светот.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=bvC_0foemLY]

На овие ѕвезди ќе им се придружи и една дама од Албанија - Последната голема светска музичка сензација, Ера Истрефи, која во изминативе неколку месеци својата светска популарност ја доживеа со мегахитот „Bonbon“ (речиси 55 милиони прегледи на Јутјуб), што резултираше со потпис на најголемиот музички лејбел Ultra Music. 
Мегапопуларната Ера Истрефи за прв пат ќе настапи пред македонската публика, а нејзиниот настап е предвиден пред оној на Робин Шулц. 

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=cedoBlUvBlI&app=desktop]

Шоуто наречено Skopje Calling ќе започне со настап на локални диџеи, како и новата француска диџеј ѕвезда Kungs. 

Десет наши среќни читатели ќе добијат гратис влезници за ова шоу, а сè што треба да направите е да го оставите вашето име и презиме во коментар под статијата на нашата Facebook страна или тука, под самата објава.

ДОПОЛНУВАЊЕ:

Наградната игра е завршена, а добитници на по една влезница за утрешниот музички спектакл се:

1. Сања Петрушовска

2. Давид Никиќ

3. Симона Кулевска

4. Самир Незироски

5. Марија Радеска

6. Сара Стоименовска

7. Мартин Костадиновски

8. Кире Јанчевски

9. Катерина Софрониевиќ

10. Владимир Илиев

Вашите имиња ќе бидат на список на влезот на арената Филип Втори, пред почетокот на Skopje Calling. Задолжително понесете со вас документ за идентификација. Честитки и имајте добра журка! :)

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

МК сцена

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more

Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика

Read more

ДНК собраа 690.000 денари за лекувањето на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе