Викендот ќе биде долг, особено за жителите на Куманово кои до понеделник наутро нема да можат да излезат од дома. Па затоа направивме листа со одлични серии кои вреди да ги гледате за да го исполните слободното време.
Vikings
Оваа серија е во продукција на History Channel и е правена според историска предлошка. Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за опасните жени воинки коишто живееле на територијата на Скандинавија, мора да ја гледате „Vikings“.
Одлична актерска екипа, интересна приказна и уште многу многу заплети.
Game of Thrones
Нема некој којшто не слушнал за оваа легендарна серија. Насилството, секс, ненадејната смрт на главните ликови, змејови и волшебници - се чини дека ова е добитна комбинација поради која оваа серија стекна огромна популарност.
Серијата е снимена според книгата „A Song of Ice and Fire“ на Џорџ Р.Р. Мартин, која направи вистински бум меѓу гледачите низ целиот свет.
The Witcher
Базиран на серијата бестселери, „The Witcher“ е епска приказна за вербата и семејството. Гералт од Ривија, самостоен ловец на чудовишта, се обидува да го најде своето место во светот каде луѓето ќе се покажат како поопасни противници од чудовиштата. Но, кога судбината ќе го однесе до моќна магионичарка и млада принцеза со опасна тајна, тројцата ќе мораат да го пронајдат патот низ непријателскиот континент.
„The Witcher“ премиерно беше прикажана на 20 декември, а за првата сезона имаше буџет од 70 до 80 милиони долари.
La casa de papel
Оваа трилер серија која ќе посакате да ја изгледате во еден ден.
Во Мадрид се здржуваат лоши момци за да го напрват најголемиот грабеж во светската историја...и понатаму не ви откриваме. Штотуку излезе и долгоочекуваната четврта сезона.
Peaky Blinders
Оваа британска крими драма е создадена од Стивен Најт, а во продукција на BBC. Дејството се одвива во Бирминген и го прати семејството Шелби во периодот по Првата светска војна.
Серијата стана популарна низ целиот свет. Сигурни сме дека ќе ве освои со култната сцена уште од првата епизода.