Филм & ТВ

[КАЈГАНА препорака] Филмови што со нетрпение ги очекуваме во ноември

8. октомври 2019 - 19:25 | АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА

Ова ќе биде плодна филмска есен, а најдобра најава за тоа се одличните премиери и критики за „Hustlers“ со Џенифер Лопез и „Joker“ со Жоакин Феникс.

Во ноември има дваесетина големи премиери, од кои издвојуваме седум кои ги чекаме со големо нетрпение. Три од нив се на 15 ноември, па тоа ќе биде интересен викенд.

Фаворит на Редакција Кајгана е „The Irishman“, најновиот филм на Мартин Скорсезе со легендарна актерска екипа: Роберт де Ниро, Џо Пеши, Ал Пачино, на кои им се приклучуваат Реј Романо, Стивен Греам и Ана Паквин.

Во јули Netflix го објави тизерот за долго очекуваната гангстерска драма базирана на романот на Чарлс Брент „I Heard You Paint Houses“ објавен во 2004 година. Сценариото е на Стивен Заилијан, кој доби Оскар, Златен глобус и БАФТА награда за сценариото за „Schindler's List“ (1993).

 

 

Филмот повторно ги обединува Роберт де Ниро и Џо Пеши, додека Ал Пачино досега нема работено со Скорсезе.

Во „The Irishman“ Де Ниро ја толкува улогата на Френк Ширан, ветеран од Втората светска војна кој станал платеник на мафијата и има улога во исчезнувањето на Џими Хофа. Пачино ја толкува улогата на Џими Хофа, лидерот на синдикатите кој исчезнал во 1975 година, а Пеши е Расел Буфалино, човекот со кој Ширан ја прави заверата.

Една од најфасцинантните работи поврзани со филмот е ефектот на стареење на ликовите што Скорсезе го користи со помош на технологија која помага актерот да се појавува децении помлад. Така во трејлерот објавен во The Tonight Show со Џими Фалон ќе ја видите помладата верзија на Де Ниро.

 

 

„The Irishman“ иамше светска премиера на 57. Филмски фестивал во Њујорк на 27 септември и засега добива одлични мислења од критиката. Светската публика ќе може да го гледа во кината од 1 ноември, аод 27 ноември ќе биде достапен на стриминг платформата Netflix.

Ова се останатите филмови чии кинопремиери ги очекуваме во ноември:

Lady and the Tramp, 12 ноември

 

 

Last Christmas, 15 ноември

 

 

Ford v Ferrari, 15 ноември

 

 

The Report, 15 ноември

 

 

Charlie’s Angels, 29 ноември

 

 

Motherless Brooklyn, 30 ноември