Југоносталгија – ретро реклами и постери од старата школа

Во 50-тите и 60-тите години на 20 век, напопуларните уметници на југословенските простори беа ангажирани да направат реклами за туристички дестинации, брендови од разни индустрии и настани во Југославија.

Реномирани уметници ги создадоа овие илустрации кои се слика на историјата на Балканот и Југославија, но и на иновативноста на креативците на овие простори пред повеќе од 50 години.