Култура

Јосип Коцев е добитник на наградата „Бели мугри“ за 2019 година

25. ноември 2019 - 15:43 | А.С.

Домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје, оваа година наградата „Бели мугри“ за млад автор дo 35-годишна возраст му ја додели на авторот на поетскиот ракопис „Музеј на чувствата“, Јосип Коцев.

Книгата свечено ќе биде промовирана на 20 декември во 19 часот на манифестацијата „Денови“ која Установата ја организира традиционално и е посветена на раѓањето на поетот Кочо Рацин.

Добитникот на наградата го избра комисијата во состав: Славчо Ковилоски (претседател) и членовите Васил Тоциновски и Јованка Христовска.

Уметникот Дарко Алексовски ќе биде задолжен за графичкото решение за корицата на наградената книга.

Коцев е автор на книгите „Јас, Квентин Скриблер“ (2015), „Напишана тишина“ (2016) и „Сега е најдолгото никогаш“ (2018).