НБА 2022/2023

Јокиќ повторно нереално доминираше, навивачите беа во неверување поради два чудесни потега

Кошаркарите на Денвер Нагетс на домашен терен го совладаа тимот на Њу Орлеанс Пеликанс со 122:113, а новата нереална доминација ја потврди и српскиот центар Никола Јокиќ кој уште еднаш оствари трипл-дабл.

Пеликанс подобро го отворија натпреварот и водеа по првата четвртина. Успеаја да го одржат водството до паузата, па првото полувреме заврши со 60:57 за гостите.

Пресвртот се случи во третата четвртина кога Нагетс одиграа фантастично, а до крајот на натпреварот успеаја да ја задржат предноста за нова важна победа.

URL

Јокиќ за 37 минути поминати на паркетот постигна 26 поени, 18 скокови и 15 асистенции. Имаше поддршка од Џамал Мареј, кој постигна 32 поена. Кај Пеликанс најдобри играчи беа Херберт Џонс и СиЏеј МекКолум кои постигнаа по 21 поен.

Српскиот кошаркар уште еднаш имаше неколку феноменални потези кои ги воодушевија навивачите во НБА. Коментаторите беа во неверување кога со една финта во продор измами двајца играчи и погоди под фаул, а незаменливи беа и неговите неверојатни асистенции, па повторно воодушеви со едно додавање од зад грб.

URL

Инаку, Денвер е на првото место во Западната конференција со 35 победи и 16 порази, додека Пеликанс се на деветтата позиција со скор 26-26.

Remote video URL

Резултати:

Кливленд Кавалирс - Мајами Хит 97:100
Њујорк Никс - Лос Анџелес Лејкерс 123:129
прод.
Чикаго Булс - Лос Анџелес Клиперс 103:108
Милвоки Бакс - Шарлот Хорнетс 124:115
Денвер Нагетс - Њу Орлеанс Пеликанс 122:113

Табела:

Standings provided by Sofascore
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Кошарка

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Read more

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more
 

Спорт

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе