Останати спортови
ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ТОКИО 2020

Јапонците се премислија: Премиерот Абе договори одложување на Олимпијадата

24. март 2020 - 13:42 | Ф.З.

Организаторите на Летните олимписки игра кои годинава треба да се одржат во Токио се премислија и се договорија со ИОК за одложување на Игрите за наредната година.

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, оствари телефонски разговор со Томас Бах, претседател на ИОК во кој му соопшти дека Јапонија е подготвена да прифати одложување на игрите. Бах радо се согласил, по што Олимпијадата најверојатно ќе биде одложена, пренесува јапонската HNK World News.

Олимпијадата во Токио треба да се одржи од 24 јули до 9 август годинава, но поради пандемијата со коронавирусот веќе неколку држави најавија дека го повлекуваат нивното учество доколку Игрите не се одложат.

Без натпреварувачите од Австралија, Канада и Обединетото Кралство, кои се едни од најбројните, Олимпијадата би била значително осиромашена, за што се свесни и домаќините. Воедно, сите натпреварувачи не тренираат, што ќе се одрази и на нивните резултати.

Се очекува наскоро да дојде и до офизијализирање на одлуката за одложување на Токио 2020. Големи настани веќе беа одложени за наредната година како фудбалските ЕУРО и Копа Америка.