Фудбал
ЗИМСКИ ТРАНСФЕР ПЕРИОД 2020

Јанг замина во Интер, Солскјер назначи нов капитен

17. јануари 2020 - 14:41 | Ф.З.

Ешли Јанг денеска ќе стане нов игра на Интер, а во Манчестер Јунајтед веќе назначија нов капитен.

По 8 и пол сезони минати во дресот на „Црвените ѓаволи“ Ешли Јанг го напушти „Олд Трафорд“. Денеска тој пристигна во Милано каде по завршувањето на медицинските прегледи ќе стави потпис на двегодишен договор со Интер.

Латералниот бек Јанг веќе една година како беше капитен на Манчестер, па Оле Гунар Солскјер денеска назначи негов наследник.

„Ешли на лето ќе наполни 35 години и мислам дека е праведно што би прифатил договор за две години доколку друга екипа му го понуди. И ние бевме подготвениу да му го понудиме истото бидејќи беше одличен капитен“, рече Солскјер.

„Сега капитенската лента ќе замине кај Хари Мегваер“, тренерот на Јунајтед го откри новиот капитен кој е изненадување бидејќи Мегавер во Манчестер дојде минатово лето. Сепак, со оглед на тоа колку млади играчи има моментално во тимот, неговото назначување за капитен и не е до толку изненадувачко.

Јанг има 39 настапи за репрезентацијата на Англија за која беше стандарден на Мундијалот во Русија 2018, но оттогаш нема настап.