James Webb сними огромен прашалник во вселената

Откако беа објавени првите слики од вселенскиот телескоп James Webb (JWST) минатиот јули, многумина беа фасцинирани од неверојатните фотографии од пространоста на вселената: од неверојатно деталните слики на Јупитер, прстените на Уран, Столбовите на создавањето, совршениот Ајнштајнов прстен до неговата прва егзопланета.

JWST продолжува да работи со полн капацитет, продирајќи во досега невидените сфери на космосот и продолжувајќи да дава одговори за најраните денови на универзумот.

Во исто време, тој открива и нови прашања; односно прашалници, поточно. Имено, ESA на 26 јуни објави фотографија на која се прикажани извонредните детали од формирањето на две млади ѕвезди во соѕвездието Јадро, кои се оддалечени од нас 1.470 светлосни години.

Ѕвездите (Herbig-Haro 46/47) се опкружени со диск од материјал од кој ја црпат својата храна за да можат да пораснат до целосна големина во текот на милиони години. Веднаш под нив има интересна вселенска структура чиј облик многу потсетува на џиновски космички прашалник.

Што може да биде ова?

Засега не знаеме што точно претставува овој просторен феномен во форма на интерпункцискиот знак, но неговата боја и форма даваат одредени информации.

„Веројатно се работи за далечна галаксија или галаксии кои се во интеракција една со друга, и затоа ја има оваа искривена форма што изгледа како прашалник“, изјавија за Space.com претставници на Научниот институт за вселенски телескоп (STScI) во Балтимор, кој управува со научните операции на JWST.

Според STScI, црвеникавата боја покажува дека се работи за прилично далечен објект (што и да е). Дополнително, се чини дека ова е првпат научниците да го забележат овој космички прашалник.

„Ова можеби е првпат да го видиме овој конкретен објект. Потребни се дополнителни набљудувања за да се утврди што навистина е“, додаде STScI.

Физичарот Мет Каплан од Државниот универзитет во Илиноис се согласува со експертите од Балтимор: „Да, тоа би можело да се две галаксии во процес на спојување, при што горниот дел од прашалникот всушност е дел од поголема галаксија која е подложена на плимно нарушување“.

„Тоа би можело да биде солидно објаснување со оглед на бојата на некои други позадински галаксии. Иако таквите спојувања се хаотични, тие често произведуваат објекти со две структури и закривени опашки“, објасни тој.

Револуционерен телескоп

Каплан додава дека има и други можни објаснувања за оваа форма, но дека веројатно не е ѕвезда бидејќи недостасува осумкратниот прекршувачки шип што изгледа како да излегува од него.

JWST е револуционерен инфрацрвен вселенски телескоп од девет милијарди долари, кој е 100 пати почувствителен од телескопот Хабл.

Го набљудува просторот главно во инфрацрвениот спектар, поради што може да навлезе низ „темните“ облаци од гас и прашина. Hubble работеше првенствено на оптички и ултравиолетови бранови должини.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Наука

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Read more

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Read more

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more
 

Гик

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе