Ја соблече маицата и ја запроси на трибина, таа стана и побегна

Млад Американец запроси девојка на хокеј натпревар, но изгледа дека девојката рече не, а потоа побегна од трибините.

За време на натпреварот помеѓу Њујорк Ајлендерс и Флорида Пантерс во четвртокот вечерта, еден навивач го соблече дресот и ја запроси својата девојка.

На неговите гради пишуваше: „Те молам кажи да да да“.

Девојката му пријде, го фати за раце и потоа истрча од трибината.

URL

На социјалните мрежи беа објавени неколку снимки од запросувањето, а фотографија од парот беше споделена и на официјалната страница на Њујорк Ајлендерс, на чии трибини во „ЈуБиЕс“ арената се случи тоа.

„Кажа да или не?“, прашаа од клубот на Twitter со порака дека мораат да знаат.

URL

Додека луѓето на социјалните мрежи мислат дека целиот предлог е исцениран, неколку очевидци се јавија да потврдат дека реакцијата била вистинска.

„Го соблече дресот и рече 'те молам кажи да'. Таа беше во шок, ја слушнав како кажува што се случува и дека не може да го направи тоа. Тој само рече 'је*и га'. Сите снимаа, а публиката полуде. Таа само си змаина од трибината“, изјави еден од навивачите кои биле во близина на овој необичен настан.

Можеби девојката рекла „да“, а избегала затоа што не ѝ се допаѓа јавното запросување и да е во центар на внимание. Останува да дознаеме.

Во секој случај, навивачот од едно нешто навистина се разочара - неговиот Ајлендерс го загуби натпреварот со 3:1 и новата НХЛ сезона ја почна со пораз на домашен терен.

Тагови
реклама

Чек дис аут

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Кружен ток не е за секој

Read more

15 најмистериозни езера во светот

Read more

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more
 

Магазин

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Читај повеќе

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Читај повеќе

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Читај повеќе

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Читај повеќе
  • play_arrow

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Читај повеќе

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе