Ја навредуваше судијката, оваа го избрка од трибина

Фудбалска судијка во Аргентина прекина натпревар за од трибините да избрка несовесен гледач кој континуирано ја навредувал неа и фудбалерките.

Судијката Роберта Ечеверија на натпреварот од женската фудбалска лига на Аргентина помеѓу екипите на Уркиса и Расинг ги освои симпатиите на фудбалската јавност. Во еден момент го прекина натпреварот и го избрка од трибина навивачот кој ѝ упатувал навреди неа и на уште неколку фудбалерки. Кога досудила пенал за домашната екипа ѝ рекол и дека била потплатена.

Уркиса победи со 2:1.