Фудбал

Изолација во домот на Тоти: Сега јас играм во одбрана

26. март 2020 - 19:50 | Ф.З.

И најголемите борци се немоќни пред коронавирусот. Франческо Тоти раскажува како ги минува деновите во изолација.

„Организацијата на домот ме става цело време во одбрана, како поголемиот дел од италијанските мажи: дома си, ама се чувствуваш како да си гостин. Што се однесува на децата, Кристијан и Шанел се независни, единствената која ни дозволува да тепаме време е Изабел“, вели Тоти во интервју за DAZN.

Франческо Тоти не е како останатите фудбалери кои се прислно надвор од терените. Тој е во пензија веќе три години, но сепак, изолацијата го спречува во многу работи, една од нив е и да оди на стадион и да ја гледа неговата омилена Рома.

„Деновите се прилично долги, но си наоѓаме занимации: пробуваме да ги забавуваме децата, да си играме со нив, да спортуваме, да готвиме. За жал, такви се деновите во овој период“.

Иако пензиониран, Тоти е и тоа како следен од милиони фанови на социјалните мрежи. Изолацијата поради коронавирусот останатите фудбалери ја користат за да се натпреваруваат во најразлични онлајн предизвици, а Тоти не е заборавен.

„Со сѐ ова што се случува незамисливо би било без пораки и видео-чат. Моите поранешни соиграчи цело време ми праќаат некои предизвици, но јас сум прилично лаик за Instagram. Ги терам Кристијан и Шанел да ми помагаат околу одговарањето на пораките кои во моментов ми служат не само мене туку на цела Италија, на цела Европа и на цел свет. Да си помогнеме сите заедно и да останеме дома, ве молам“, завршува римскиот великан.

Во домашната изолација покрај трите деца, друштво на Тоти му прави и убавата сопруга, Илари Блази.