Изложба на карикатури од Фестивалот за хумор и сатира IN VINICA VERITAS во Крива Паланка

На 17 март (среда), со почеток во 12 часот, во НУ Центар за култура – Крива Паланка ќе биде отворена изложба на карикатури од Меѓународниот фестивал за хумор и сатира IN VINICA VERITAS 2023, кој го организира Домот на култура „Тошо Арсов“ – Виница.

Годинешното издание е посветено на темата „Нештата стануват возможни“, а како и секоја година конкурсот за карикатура традиционално предизвикува голем интерес кај професионалните карикатуристи од целиот свет, што се потврдува со учество на 224 автори од 46 држави и со вкупно 622 карикатури.

Жирито е составено од интернационални и домашни претставници, а годинава за најдобри се прогласени акрикатурите на Фернандо Писа од Колумбија (прво место), Киан Лио од Кина (2. место) и Хуан Габриел Бенавидес од Шпанија (3. место).

Фестивалот за хумор и сатира IN VINICA VERITAS од Виница прв пат е утврден во 1993 година, но згаснува при крајот на 90-тите години од минатиот век. Се обновува во 2009 година кога добива и меѓународен карактер и годинава слави 15-годишен јубилеј. Тој е еден од најпознатите и најинтригантни фестивали за карикатура, кој секоја година има интересна тема, што е вистински предизвик за карикатуристите од целиот свет.

IN VINICA VERITAS е поддржан од Министерството за култура, а изложбата во НУ Центар за кутура – Крива Паланка е дел од манифестацијата „Крива Паланка – град на културата 2024“.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе