Избори во Белорусија: Не е избран ниту еден опозициски пратеник

Минск, 18 ноември 2019 (МИА) – Ниту еден кандидат на опозицијата не е избран во белорускиот Парламент, покажуваат официјалните резултати од вчерашните парламентарни избори.

Сите 110 пратеници се од партии лојални на претседателот на земјата Александар Лукашенко, кој на власт е близу четврт век.

На вчерашните избори, опозицијата ги изгуби единствените две места во Претставничкиот дом.

На последните парламентарни избори во 2016 година, Лукашенко им дозволи на двајца кандидати од опозицијата да освојат места во 110-члениот Парламент, првпат во две децении, иако на двајцата им беше забрането да учествуваат во вчерашните избори.

Лукашенко вчера објави и дека планира да се кандидира за претседател на изборите во 2020 година. Тој рече дека изборите најверојатно ќе се одржат во текот на летото следната година.

Лукашенко е првиот и сѐ уште актуелен претседател на Белорусија, по нејзиното осамостојување од СССР во 1994 година. Пред да ја добие претседателската функција, Лукашенко водел сопствен бизнис со земјоделски фарми. Првиот мандат го доби на изборите одржани на 10 јули 1994, вториот во септември 2001, третиот во март 2006, четвртиот во декември 2010 и петтиот мандат во октомври 2015 година.

За да биде избран повеќе од двапати, тој организираше референдум во земјата во октомври 2004 година.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Свет

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more
 

Вести

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе