Тенис

ИТФ во Москва: Ѓорческа убедлива во првото коло

25. февруари 2020 - 20:37 | МИА

Москва, 25 февруари 2020 (МИА) – Лина Ѓорческа се пласира во второто коло на ИТФ турнирот во Москва што се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Најдобрата македонска тенисерка, која е поставена за осма носителка, на стартот славеше над Русинката Анастасија Тихонова со 6:2, 6:3.

Следна ривалка на Ѓорческа во руската престолнина ќе биде подобрата од белоруската пресметка меѓу Ана Кубарева и Јулија Хатука.

Турнирот во Москва започна вчера и ќе трае до недела, први март.