Италијански фудбалер позитивен на корона вирусот

Играч на третолигашот Пјанезе е првиот фудбалер заразен со корона вирусот кој во Европа најголем замав зема токму во Италија.

Фудбалерот, чие име не е обелоденето, се разболел во саботата и наредниот ден не играл на гостувањето кај Јувентус У23 кој неговиот тим го загуби со 1:0. Но, играчот претходно тренирал со соиграчите, а присуствувал и на тимскиот ручек. Ноќеска бил тестиран за Covid-19, а резултатите покажале дека е позитивен.

Денеска играчот бил пренесен во поликлиниката Ле Скоте во Сиена каде ќе биде лекуван, додека тренингот на тимот е откажан поради мерки на претпазливост. Состојбата му е стабилна и играчот ќе оздрави целосно, но проблемот е дали и некој друг се заразил од него.

Пјанезе е од малото гратче Пјанкастањајо кое брои 4.200 жители и се наоѓа во јужниот дел на Тоскана. Се натпреварува во Серија Чи група А каде моментално е претпоследен. Заразениот играч е од соседното гратче Абадија Сан Салваторе.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе