Дизајнот ги надминува границите

Италијанска извонредност во дизајнот и одржлива мода на 28. Моден викенд Скопје

Овој март, Амбасадата на Република Италија во Скопје, заедно со ITA - Италијанската трговска агенција, East Gate Mall и Моден Викенд Скопје, ја завземаат културната сцена со долгоочекуваните денови на италијанскиот дизајн. Настанот, кој годинава е под мотото „Создавање вредности: инклузивност, иновации и одржливост“, ветува дека ќе ја спои безвременската елеганција на италијанскиот дизајн со практиките за одржливост што го тераат светот да размислува напред.

Чифте амам ќе биде локацијата на која на 14 март ќе биде свеченото отворање на денови на италијанскиот дизајн со мастерклас на познатиот италијански дизајнер на играчки Лука Боскардин. Неговата евокативна гостувачка изложба од Музејот за дизајн ADI е посветена на 140-та годишнината од првото издание на Пинкио, прикажувајќи ги проектите што го толкуваат наследството на „Авантурите на Пинокио“ преку модерната визура на дизајнот.

Следниот ден, на 15 март, како и минатата година, така и оваа, East Gate Mall ќе биде домаќин на модно шоу, во кое сите присутнои гости и посетителите на трговскиот центар ќе ги дознаат најновите модни трендови од 20 врвни италијански брендови и со тоа ќе се означи почетокот на 28-та сезона на Моден викенд Скопје. Модната ревија ќе има за цел да ја спои традиционалната италијанска мода со современите трендови и одржливите практики, поставувајќи нови стандарди во оваа индустрија.

„Неизмерно сме горди што и годинава како Моден викенд Скопје сме тука со Деновите на италијанскиот дизајн. Овогодинешната тема длабоко резонира со нашата посветеност за промовирање дизајн кој ја вреднува инклузивноста, иновативноста и особено одржливоста. Чест е да се соработува со вакви ценети партнери за да се оживее оваа визија. Упатуваме топла покана до сите ентузијасти на модата, дизајнот и одржливоста да ни се придружат во ова уникатно културно искуство кое ја слави италијанската извонредност и го отвора патот за позелена иднина во модата“, вели организаторот.

Покрај Деновите на италијанскиот дизајн, Моден викенд Скопје планира и низа активности до крај на март насочени кон застапување на одржливи модни иницијативи. Програмата вклучува интерактивни работилници, поп-ап локација Ready, Steady, Shop! посветена на „бавната мода” и простор за  излагање на македонските модни брендови, како и можности за вмрежување. Сите настани се  дизајнирани да поттикнат подлабока врска помеѓу заедницата и принципите на одржливо живеење преку модата и дизјанот.

Настанот ќе кулминира на 28 и 29 март со ревии на домашни дизајнери кои ќе ги покажат своите креации, истакнувајќи ја моќта и креативноста на локалните модни сили. Големото финале е закажано за 30 март, со Bridal Fashion Night, ветувајќи ексклузивен избор на невестински колекции.

Серијата настани ја потврдува доминантната позиција на Скопје како растечки центар за одржлива мода и дизајн во овој дел од светот, благодарејќи на Моден Викенд Скопје истовремено истакнувајќи ја заедничката глобална одговорност кон одржливоста. Соработката меѓу италијанските и македонските културни сили означува значаен чекор кон интегрирање на еколошките практики во рамките на меѓународниот дизајн и модата.

Моден викенд Скопје FWSK продолжува да биде во првите редови на прoмовирање на иновативна и етичка мода. Со историја која опфаќа безмалку 15 год, FWSK е посветен на поттикнување на модната индустрија која ги почитува и луѓето и планетата. 28 издание на овој култен настан кој ја слави модата и дизајнот е подготвено да започне.

реклама

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Стил

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Read more

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе