Наука

Истражување: Коронавирусот има природно потекло, а не лабораториско

20. март 2020 - 16:58 | Б.С.Б.

Новиот SARS-Cov-2 коронавирус кој се појави во Вухан, Кина минатата година и предизвика пандемија на болеста COVID-19 е резултат на природна еволуција, покажува истражување објавено во Nature Medicine.

Анализата на геномна секвенца од вирусот и поврзаните други вируси не откри доказ дека вирусот е направен во лабораторија или е создаден по друг пат.

„Со споредба на достапниот геном и податоците од познатите видови на коронавируси може да утврдиме дека SARS-CoV-2 потекнува од природен процес“, вели Кристијан Андерсен, професор по имунологија и микробиологија.

Студијата е објавена како „The proximal origin of SARS-CoV-2“, а во неа учествувале Роберт Ф. Гери од Универзитетот во Тулејн, Едвард Холмс од Универзитетот во Сиднеј, Ендру Рамбот од Универзитетот во Единбург и Иан Липкин од Универзитетот во Колумбија.

Коронаворусите се голема фамилија на вируси кои можат да предизвикаат болести од широк ранг. Првите познати тешки заболувања предизвикани од коронавирус се во 2003 година при епидемија на САРС во Кина и МЕРС во Саудиска Арабија.

На 31 декември кинеските власти ги алармираа СЗО за појава на нов коронавирус кој предизвикува тешко респираторно заболување. Вирусот е наречен SARS-CoV-2, болеста COVID-19. До 20 февруари се документирани скоро 167.500 случаи на COVID-19.

Како доказ за природна еволуција научниците ја посочуваат молекуларната структура која е веќе позната од сегашните коронавируси и е најмногу слична на вирусите пронајдени кај лилјаци и панголини (цицач прекриен со лушпи).

Повеќе за оваа студија прочитајте овде.