Искрен трејлер за „X-Men: Dark Phoenix“

„X-Men: Dark Phoenix“, филмот за суперхерои базиран на ликовите од екипата на X-Men на Marvel Comics, е 12-тиот филм во франшизата и ги освои и киноблагајните и публиката.

Популарноста на филмот не значи дека ова остварување на Walt Disney Studios Motion Pictures нема маани. Екипата на Screen Junkies направи искрен трејлер за филмот на Сајмон Кинберг, со Џејмс Мекавој, Софи Тарнер, Мајкл Фасбендер, Џенифер Лоренс, Николас Холт, Тај Шеридан, Александра Шип и Џесика Частејн во главните улоги.