Искрен трејлер за „Star Wars: Тhe Rise of Skywalker“

Екипата на Screen Junkies по барање на гледачите направи искрен трејлер за филмот „Star Wars: Тhe Rise of Skywalker“.

Филмот премиерно беше прикажан на 20 декември. Улогите ги толкуваат Марк Хамил како Лук Скајвокер, Били ди Вилијамс како Лендо Калрисијан и починатата Кери Фишер која ја репризира улогата на Леа.

„The Rise of Skywalker“ e деветтата и финална епизода од приказната за Скајвокер. Тоа е директно продолжение на „The Last Jedi“ од 2017 година и ќе ја комплетира новата „Star Wars“ трилогија на Disney која започна во 2015 година со „The Force Awakens“.