Државјанин на Обединетото Кралство почина вчера на Монт Еверест, 45 минути откако се искачил на највисокиот врв на светот, објави BBC.
Ирецот Робин Хејнс Фишер (44) наводно изгубил свест откако почнал да се спушта од врвот Еверест. Ова е вкупно десетти смртен случај на највисокиот планински врв сезонава.
Непал е изложен на остри критики бидејќи за оваа пролетна сезона на Хималаите издаде рекордни 381 дозвола за алпинисти, од кои една чини 11.000 долари.
Поради тоа дошло до метеж на планината и собирање големи групи алпинисти во близина на врвот на висина од 8.848 метри. Објавена е и фотографија на која се гледа редицата алпинисти кои чекаат да стигнат до врвот.
Фишер се качил на врвот Монт Еверест вчераутро, а потоа изгубил свест и паднал на околу 150 метри под врвот, откако почнал да се спушта. Водичите рекоа дека тој одненадеж паднал и дека сите обиди да му помогнат биле неуспешни.
Изминатава недела починаа уште четворица алпинисти од Индија, едно лице од Непал, Австралиец и Американец.
Уште еден Ирец, Шејмус Лолес, се смета за мртов откако паднал на Еверест, но потрагата била прекината за да не се загрозуваат животите на останатите алпинисти.