Свет

Иран ќе ги предаде снимките на Киев од соборениот авион

17. јануари 2020 - 13:55 | МИА

Претставник на Иран ќе отпатува за Украина по повод истрагата за соборениот патнички авион во близина на Техеран минатата недела, изјави денеска министерот за надворешни работи Вадим Пристајко.

– Иран е подготвен да ги пренесе податоците и снимките од летот откако ги разгледа заеднички истражен тим составен од експерти од Иран, Канада и Украина, рече Пристајко.

Авионот беше погоден со ракета на 8 јануари, веднаш по полетувањето од аеродромот во Техеран кон Киев.

Иран во саботата призна дека по грешка го собориле авионот, при што загинаа 176 лица.