Интервју и unplugged сесија со Леа Таќи

Леана Таќи е еден од најдобрите македонски женски вокали, воедно и ќерка на Гранит Таќи, вокалот на култниот бенд Лева Патика. Некогаш позната по клупските свирки со бендот Eye Cue, денес соло артист чиј број на музички соработки секојдневно се зголемува. Снимивме кратка unplugged сесија со Леа и разговаравме за нејзината музика и растењето во музичка околина.