Живот

Интересни факти за бебињата родени во март

4. март 2019 - 15:21 | Б.С.Б.

Дали очекувате вашето бебе да се роди во март? Март е месец кој го одбележува крајот на зимата и почетокот на пролетта. Името го добил по римскиот бог Марс, а во антички Рим март бил прославуван како почеток на пролетта, но исто така бил одбележан и како почеток на многу воени кампањи. Како и да е, март е одличен месец за почеток на нов живот.

Според астрологијата, ако вашето бебе се роди пред 20 март ќе биде во знакот на Риби, а од 20 март во знакот на Овен.

Што велат науката и статистиката за бебињата родени во март?

1. Здравје

Луѓето родени во март имаат помал ризик од кратковидост во однос на луѓето родени во јуни или јули. Студија во која учествувале 300.000 кандидати за воена служба во САД покажала дека пролетните бебиња имаат помал ризик од миопија за разлика од летните. По ова прашање најдобро стојат зимските бебиња, бидејќи кај нив ризикот од кратковидост е најнизок.

Кај луѓето родени во март помал е ризикот од астма. Истражување од 2015 година покажа дека децата родени во овој месец имаат помал ризик од астма бидејќи од раѓање се изложени на сезонски алергии кои се појавуваат во ова време од годината, со што имуниот одговор е посилен.

2. Карактер и навики

Истражување од 2014 година покажа дека бебињата родени на пролет израснуваат во оптимистични луѓе кои генерално имаат позитивен поглед на светот.

Личностите родени во март често се ноќни птици. Истражување поврзано со навики за спиењето покажуваат дека децата родени на пролет и во лето главно одат на спиење подоцна од родените на есен или во зима, така што не очекувајте вашето мартовско бебе да си легне во девет во кревет.

3. Кариера

Луѓето родени во март имаат најголеми шанси да ги добијат најдобрите канцелари во фирмата каде што работат. Статистиката вели дека во март се родени повеќе извршни директори на големи компании од било кој друг месец.

Студија во која учествувале 375 извршни директори покажува дека 12,5 проценти од нив се родени во март.

Психолозите сметаат дека причина за тоа е можеби опкружувањето во текот на школување, бидејќи мартовските бебиња се меѓу најстарите во одделение.