Интер моќно со Лече во ревија на убави голови

„Нераѕурите“ синоќа покажаа сосема друг лик под водство на Антонио Конте и лесно се справија со повратникот Лече кој си замина дома со мрежа полна голови.

Резултатот го отвори Марцело Брозовиќ со маестрален удар во 21-вата минута, а само три минути подоцна новакот Стефано Сенси ја протна топката низ гостинската одбрана погодувајќи крај дирекот на немоќниот Габриел.

Во вториот дел Интер погоди уште на двапати. Прво Ромелу Лукаку го прослави својот деби гол точно по еден час игра, додека конечните 4:0 ги постави Антонио Кандрева со една бомба од триесетина метри.