Интелигентен хумор низ 30 дела од карикатурист на The New Yorker

Пред десетина години, Вил Мекфил беше само обичен студент по зоологија, а денес е редовен карикатурист на славното списание The New Yorker.

Во студентските денови, Вил повеќе се задлабочувал во скицирање и цртање карикатури на професорите, отколку во предавањата, па наместо да продолжи да го изучува животинското царство, решил да се нурне во „дивиот свет“ на кафулињата и библиотеките на Единбург. Набљудувајќи го однесувањето на луѓето, почнал да црта проникливи карикатури полни со интелигентен хумор, баш она што се бара од еден карикатурист на The New Yorker.

Ова е избор од неговите најдобри дела.