Instagram убавица: Тами Хемброу

Австралиската убавица Тами Хембору е познат Instagram модел, со над 10,6 милиони обожаватели на социјалната мрежа.

Неодамна таа изјави дека нејзиниот профил е преполнет со лични пораки од спортисти кои сакаат да стапат во контакт со неа. Пораките се најчесто од интимна природа.

25-годишната убавица, која е мајка на две деца, откри дека нејзиниот инбокс е преполн со пораки од спортисти, таа дури и објави приватни пораки упатени од спортист чие име не го откри.

Тами стана славна откако на Instagram објави фотографии и видеа од нејзината телесна трансформација по бременоста и породувањето, достигнати низ интензивни вежби.