Instagram убавица: Шанина Шаик

Шанина Шаик денеска го прославува дваесет и деветтиот роденден и затоа во нејзина чест направивме галерија од најдобрите моменти од нејзината кариера како модел.

Родена е во 1991 година во Австралија, а има литванско, пакистанско и саудиско потекло. Има изградено доста успешна кариера на модел, а исто така ги има красено насловните страници на Cosmopolitan, Cleo, Vogue, Harper’s Bazaar и Maxim.

Нејзината кариера на модел ја започна на осумгодишна возраст, кога се појави во телевизиска реклама за Hyundai. На Instagram ја следат над 2 милиони обожаватели.