Македонија

Инфективна клиника: Двајца пациенти со компликации од грип во животозагрозувачка состојба

14. февруари 2020 - 14:25 | МИА

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Двајца пациенти со компликации од грип се на механичка вентилација на Универзитетската Клиника за инфективни болести и се во животозагрозувачка состојба, информираат од таа јавна здравствена установа.

На Инфективната клиника се хоспитализирани вкупно 38 пациенти со компликации од грип.

На Универзитетската Клиника за детски болести, пак, се хоспитализирани 17 пациенти со симптоми на грип, но сите немаат компликации.

 Директорката на Клиниката, Наташа Најдановска Алулоска денеска изјави дека две деца се хоспитализирани со потешка форма на бронхопневмонија од компликации од грип и посочи дека немаат пациенти со грип кои се на механичка вентилација.