СЕРИЈА А 2019/20

Имобиле: Ние лацијалите сме вистинска фамилија

Голгетерот број еден во Италија синоќа погоди и во големата победа на Лацио над Интер.

Чиро Имобиле и оваа сезона игра во неверојатна форма. Веќе четврта сезона е во Лацио, а само лани малку заринка останувајќи на 15 голови. Се чини оваа ќе му биде нјабериќетна бидејќи веќе има 26 голови, три помалку од сезоната 2017/18 кога со 29 беше најдобра во неговата кариера, додека во првата кај Лацио постигна 23.

„Многу сум задоволен од завршената работа. Ќе ни послужеше и трет гол, но бевме уморни откако дадовме многу во двата дела од играта. Во првото полувреме заслуживме повеќе, а потоа бевме одлични со пресвртот во наша корист. Ние сме вистинска фамилија и мораме да продолжиме вака. На терен секогаш го даваме максимумот со огромен интензитет, задоволни сме бидејќи секој член на тимот е подготвен да му помогне на соиграчот“, рече Имобиле по натпреварот.

Чиро беше стрелец на израмнувачкиот гол кога во 50. минута беше прецизен од пенал. Шутна десно, а интеровиот голман Даниеле Падели се фрли на спротивната страна.

Тоа за него беше гол број 26 сезонава во Серија А каде води на листата на стрелци пред Кристијано Роналдо со 20 и Ромелу Лукаку со 17.

„Од белата точка не е никогаш лесно да се погоди, но излезе добро овој пат. Кога моите голови служат за победа имаат поинаква тежина без оглед на листата на стрелци. Секогаш се обидувам да се одвојам од напаѓачи како Кристијано Роналдо и Ромелу Лукаку, но благодарение на целиот тим правиме неверојатни работи“, вели тој.

Лацио е во неверојатна серија од 19 натпревари без пораз во Серија А, а последниот го претрпе токму од вчерашниот противник кога 25 октомври загуби со 1:0 на „Меаца“. на табелата „Бјанкочелестите“ се втори со само бод зад Јувентус.

„Веќе некое време чувствуваме пријатна топлина од страна на навивачите поради она што го даваме на теренот за овие бои: поддршката од навивачите ни гподи многу, на секој натпревар“.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе