Им го одложија фудбалот, па отидоа да навиваат на хокеј
Навивачите на Ајнтрахт од Франкфурт непланирано синоќа останаа со вишок слободна вечер, но брзо си најдоа занимација.
Поради невреме во Салцбург, натпреварот од Лига Европа помеѓу домаќинот од гостите од од Франкфурт беше презакажан за денеска, но гостинските навивачи останаа без занимација.
Затоа, видоа дека резервниот хокеј тим на нивниот противник Салцбург игра натпревар против младинскиот тим на Клагенфурт. Навивачите на Ајнтрахт ги наполнија трибините и со гласна поддршка допринесоа за гостите да победат, иако дури по изведување на пенали со 3:4.
Младите хокеари на Клагенфурт веројатно за цел живот ќе ги паметат полните трибини.