Икарди: Нејмар и Мбапе се перфекција од соиграчи

Аргентинецот упати низа пофалби за своите соиграчи, а особено Нејмар го опиша сосема различно од она што го претставуваат медиумите.

„Луѓето можеби поинаку го доживуваат од надвор, но реалноста е сосема поинаква. Сите знаеме каков тип на фудбалер е Нејмар, а кога навистина ќе го запознаеш можеш многу добро да се дружиш со него бидејќи тој е сосема поинаков од она што медиумите го претставуваат“, вели Мауро Икарди во интервју за France Football.

„Тој е соиграч кој не се двоуми да направи нешто за останатите да се чувствуваат добро. Токму таков пристап и ни треба. Големите играчи се први кои треба да дадат добар пример. Тој е човек кој е секогаш среќен и се дружи со сите. Тој изобилува со смиреност“.

Покрај за Нејмар, Икарди исто мислење има и за младата ѕвезда Килјан Мбапе.

„Сѐ што ви кажав за Нејмар важи и за Мбапе. Сѐ уште е младо момче, но веќе има постигнато големи работи. Тој е премногу зрел за негова возраст. Неговото однесување придонесува за добрата атмосфера во тимот“.

„Важно е секој да биде свој бидејќи на крајот на краиштата, ние сме едно големо семејство кое скоро секој ден го поминува заедно. Добриот хумор на Нејмар и Мбапе нѐ прави да се чувствуваме добро секој ден“, открива Аргентинецот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more
 

Спорт

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе