ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Играчите на Лион презадоволни од триумфот над Јуве

Во Лион владее огромна доза на задоволство откако синоќа францускиот тим приреди големо изненадување совладувајќи го италијанскиот шампион.

Можеби со најголема насмевка беше оној кој го урна Јуве, оној кој ја затресе мрежата на Војчех Шченсни. Тоа е Лука Тузар, инаку 22-годишен играч од средниот ред кој за Лион игра како позајмен од Херта.

„Многу сум среќен за тимот. Ги направивме среќни сите навивачи на Лион. Презадоволен сум од мојот гол. Почнавме добро, како што сакаше тренерот. Во вториот дел успеавме да бидеме цврсти. Оваа вечер колективно одигравме голем натпревар со многу подобро прво полувреме. Треба секогаш да играме вака“, вели тој.

Се разбира, огромна заслуга оди и кај тренерот Руди Гарсија кој го надмудри Маурицио Сари успевајќи со послаб тим да триумфира над неговиот ѕвезден состав.

„Не примивме гол и тоа е многу важно кога првиот натпревар се игра на домашен терен. Единствено жалам што не постигнавме и втор кога бевме надмоќни во првото полувреме“, вели Гарсија.

Голманот Антони Лопеш имаше неколку интервенции и не дозволи ниту еднаш да биде затресена неговата мрежа.

„Знаевме дека сме способни да одиграме ваков натпревар. Докажавме дека сме на нивото потребно за Лигата на шампионите. Одигравме тимски и патевме заедно кон крајот на натпреварот. Сакам да му честитам на целиот тим бидејќи сите дадоа сѐ од себе и дефанзивно и офанзивно. Ова беше прекрасна победа“, изјави Португалецот.

Наградата за најдобар игреач на натпреварот заврши во рацете на Алжирецот Хусем Ауар кој беше асистент на победничкиот гол.

„Цело време верувавме дека сме кадарни да го изненадиме Јувентус и го направивме она што многумина го посакуваа. Многу сум среќен што сум прогласен за играч на натпреварот и што го наместив победничкиот гол. Не знам дали ова беше најубавата ноќ во Лигата на шампионите на овој стадион, тоа треба да го кажат навивачите. Нашата тактика вроди со плод, а сега ќе треба да го дадеме истиот напор и на реваншот“, рече Ауар.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе