Живот

Хороскопски знаци кои претеруваат во сè

5. декември 2019 - 15:16 | Б.С.Б.

Некои хороскопски знаци се склони кон претерување во сè што прават, па дури и во раскажувањето на одредени настани. Личностите родени во овие два хороскоспки знаци се многу енергични, отворено и склони кон претерување, односно преувеличување на работите.

1. Стрелец

Стрелците животот го сфаќаат како голема авантура за која ќе раскажуваат идните генерации, па така и се однесуваат. Личностите родени во знакот на Стрелец често се љубители на екстремни спортови и слични активности, а просечната животна желба на еден Стрелец е да го прошета светот преку автостоп или да се шверцува со автобуси. Многу се екстремни во сè што прават, а ако не им е доволно возбудливо тоа што го прават, без грижа на совест ќе ја разубават приказната за пред публика.

2. Бик

Биковите сакаат да бидат како Стрелците меѓутоа ја немаат таа храброст па затоа си фантазираат. Сакаат да го прикажуваат нивниот живот достоен на филмско сценарио, па имаат и оправдување за приказните што ги раскажуваат. Но, она во што Биковите претеруваат е неконтролираниот шопинг и обидувањето да купат свое место во некое елитно друштво кон кое тежнеат, бидејќи се големи материјалисти.