Останати спортови

Хокеј турнирот Skopje Ice Festival заврши, пехарот кај Романците

19. декември 2019 - 14:40 | Ф.З.

Торпедо од Букурешт во третото учество конечно успеа да дојде до првото место, Романците покажаа најдобар хокеј и заслужено славеа во Скопје.

Турнирот требаше да заврши изминатиов викенд, но поради нешто повисоки температури еден натпревар беше неколку пати одложуван и конечно се одигра синоќа.

Во финалето Романците беа убедливи против тимот составен од хокеари, но и хокеарки, од Европа и Северна Америка со 6:1 или по третини 2:0, 1:1 и 3:0. Голманот на Торпедо посебно се истакна бранејќи дури пет пенали.

Резултати:

Интернационал - Македонија Јуниорс 9:4
Вардар - Торпедо 3:7
Македонија Јуниорс - Торпедо 5:15
Вардар - Интернационал 3:6
Торпедо - Интернационал 7:2
Македонија Јуниорс - Вардар 4:2

Табела:
1. Торпедо 9 (29:10)
2. Интернационал 6 (17:14)
3. Македонија Јуниорс 3 (13:26)
4. Вардар 0 (8:17)

Натпревар за 3-то место:
Македонија Јуниорс - Вардар 5:3

Финале:
Торпедо - Интернационал 6:1

Досегашни победници:

2013: СССР (Русија)
2014: Металург (Македонија)
2015: Славија (Словенија)
2016: Металург (Македонија)
2017: Рајнман Ол-Старс (Германија/Финска)
2018: Спартак (Србија)
2019: Торпедо (Романија)