Ф1
ФОРМУЛА 1

Хамилтон не очекува големи промени во врвните тимови

17. февруари 2020 - 14:58 | МИА

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон верува дека во блиска иднина составот на врвните тимови ќе остане стабилен. Претходно, тој беше поврзан со можен трансфер во Ферари на местото на Себастијан Фетел.

„Мислам дека во врвните тимови нема да има многу промени. Секако, не знам кој какви договори има, но мислам дека нема да има многу транзиции. Мислам дека ќе биде нешто налик на моменталната состојба. И не можам да знам кој е идниот план на Фетел“, изјави Хамилтон за Sky Sports.

„За мене е важно да бидам јас. Луѓето велат: „Таму и таму можете да добиете слобода“. Но, јас не би одел таму каде што не би можел да бидам јас. Кога се преселив во Мерцедес, тогаш тие го разбраа. Имаме кул спонзори, освоивме многу првенства, трки. Ова е вистинска привилегија: да се биде посакуван од одличен тим. Чувството е одлично. Се надевам дека ќе продолжам да придонесувам за успех“, додаде Британецот.

Хамилтон е актуелен шампион во Формула 1 и прв фаворит за трофејот во новата сезона.