ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денеска се здружија во коалиција Храбро за Македонија за парламентарните избори. Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, откако ја потпиша коалицијата најави дека трите партии заедно ќе се борат против политиките и политичарите кои се подготвени да предадат сѐ само за да останат на власт, но и против оние спремни сѐ да предадат. но после изборите.

„Оваа коалиција се формира јасно да каже дека ниту притисоци, ниту уцени ниту уставни промени ќе поддржиме, ниту пред, ниту по избори. Остануваме цврсто на ставот за разрешување на оние проблеми кои вештачки ни се наметнуваат од страна на нашите партнери“, рече Јакимовски.

Клучно за коалицирање по изборите, Јакимовски вели дека ќе биде неменување на Уставот, но и реформи во образованието, здравството, воспоставување квалитетна економска политика, подигање на нивото на социјална заштита за оние кои имаат функционална неспособност и реформа на државната администрација во која нема да биде дозволено некој да седи дома, а да зема плата.

Лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски, вели дека во текот на кампањата ќе имаат иновативни мерки и инструменти.

„Имаме големи амбиции. Имаме моќни стратегии и политики и ќе имаме иновативни мерки и инструменти на политиките, ќе изненадиме многумина. Очекуваме народот да нѐ препознае, да ни ја даде довербата, да поддржи вакво коалициско форматирање во новиот трет пат и едноставно да го прекинеме тој тренд на назадување на татковината сиве овие 32 години“, рече Ристовски.

Една од главните заложби на коалицијата лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, рече дека ќе биде заложбата да се почитуваат изгласаните закони кои сега извршителите не ги почитуваат.

„Оваа коалиција ќе поддржи почитување на законот за извршување што не се почитува сега. Владее едно олигархиско беззаконие на извршителите. Сметам дека оваа коалиција ќе даде поттик она што е донесено во законодавниот дом, потпишано од претседател, објавено во Службен весник, да се почитува како закон и да се реализира. Стоиме зад тоа дека извршниот закон мора да се почитува оти и Уставниот суд потврди дека законот е добар и треба да се почитува“, рече Ибраимовски.

Коалицијата Храбро за Македонија денес ги претстави и носителите на листи:

Изборна единица 1: специјалист за пластична хирургија д-р Добрила Андоновска;
Изборна единица 2: проф. д-р Љупчо Ристевски;
Изборна единица 3: доктор по ветеринарна медицина Јордан Николов;
Изборна единица 4: менаџерката Ружица Николова;
Изборна единица 5: економистот Самка Ибраимовски;
Изборна единица 6: електротехничарот Зоран Софревски од Гостивар.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе