Гризман потврди дека заминува од Атлетико Мадрид

Откако оваа сезона не успеа да освои ниту еден трофеј, Антоан Гризман потврди дека летово ќе го напушти клубот од Мадрид. Како фаворит за неговиот потпис се смета Барселона, која беше заинтересирана за Французинот и минатото лето, но уште неколку клубови се надеваат дека имаат шанса за трансфер на светскиот шампион.

Преку официјалниот Twitter профил на клубот, Антоан Гризман им се обрати директно на навивачите на Атлетико Мадрид и ги извести дека од наредната сезона нема да биде дел од составот на нивниот омилен тим.

Иако пред почетокот на оваа сезона потпиша петгодишен договор со клубот, Гризман реши уште отсега да им даде до знаење на навивачите дека летово ќе си замине од Мадрид и ќе си ја побара играчката среќа на некое друго место.

„Сакам да ви кажам дека донесов одлука и ќе си заминам за да искусам нови работи и да имам нови предизвици. Беше многу тешко да го одберам овој пат, но чувствувам дека токму ова ми треба во моментов“, изјави 28-годишниот Гризман.

Слично како и минатото лето, Барселона и ПСЖ се двата клуба кои покажуваат најголем интерес за Гризман, а медиумите сметаат дека неговиот трансфер во каталонскиот клуб е само формалност и ќе се случи уште во првите денови по отворањето на преодниот рок. Во договорот на Гризман стои откупна клаузула од 125 милиони евра, која Барселона е подготвена да ја плати со цел да го направи Французинот дел од составот на Ноу Камп.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе