УЕФА ЕУРО 2020

Грилиш: Сакав да шутирам пенал, селекторот не ме одбра

Во Англија ситуацијата врие по загубата на финалето од ЕУРО, особено поради начинот на кој Англичаните изгубија, на пенали.

Еден од оние по кои навивачите удрија, освен тројцата пеналџии кои промашија, е и Џек Грилиш. Него го обвинуваат дека како поискусен требало да преземе одговорност и да шутира. Не е јасно зошто се напаѓа токму Грилиш кој во целата кариера има само еднаш шутирано пенал и тоа пред пет години во младинската Премиер лига.

Се јави и самиот играч на Астон Вила кој вели дека се пријавил да шутира, но селекторот Гарет Саутгејт одбрал други.

„Се пријавив да шутирам пенал!!!! Шефот донесе многу правилни одлуки за време на турнирот, а така направи и сега!, Но, не можам да дозволам луѓето да велат дека не сум сакал да шутирам пенал бидејќи се пријавив...“, напиша Грилиш на Twitter.

Тој всушност директно реплицираше на цитат од изјава на Рој Кин кој директно ги обвини него и Рахим Стерлинг.

„Доколку си Стерлинг или Грилиш, не може да седиш мирно и млади деца да ти шутираат пенали пред тебе“, рече легендарниот Ирец.

URL

Претходно селекторот Саутгејт изјави дека тој сам ги одбрал петмината пеналџии, од кои тројца промашија. Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо беа ставени во игра во последната минута од второто продолжение, токму со задача да шутираат пенал. Тие шутираа во 3. и 4. серија, додека во последната товарот падна врз 19-годишниот Букајо Сака, чиј удар Донарума го одбрани и започна италијанското славје.

Тројцата се на удар дури и со доза на расизам. Сака всушност не е ни Англичанец, тој е Нигериец роден во Лондон кој одбра да игра за Англија, па оттука е и цел на напади на социјалните мрежи од англиските навивачи. Санчо е исто странец, роден на англиска почва од родители од Тринидад и Тобаго, додека Рашфорд по потекло е од друга карипска земја, Св. Кристофер и Невис.

реклама

Фудбал

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Read more

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Read more

Тони Крос објави крај на кариерата

Read more

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Read more
 

Спорт

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе

Мбапе се прости од ПСЖ, на вечерата дојде и Макрон

Читај повеќе

Како Лука Модриќ го скрши калапот во фудбалскиот бизнис?

Читај повеќе