Грчките медиуми за промената на името

Атина, 13 февруари 2019 (МИА) – „И официјално, Северна Македонија“„Заев: да живее Северна Македонија“; „Веќе и официјално се роди Северна Македонија“; „Со задоцнување од 24 часа испратена вербалната нота“; „Стапува на сила Договорот од Преспа“; „Официјална премиера за Северна Македонија“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми по испратената вербална нота од грчкото МНР и по соопштението од владата дека името Северна Македонија официјално стапува на сила, јави дописничката на МИА од Атина.

-Во ист ден кога владата на Скопје соопшти дека стапува на сила Договорот од Преспа и се официјализира преименувањето во Република Северна Македонија, комитетот за Нобел во Норвешка и официјално соопшти дека меѓу кандидатите за Нобеловата награда за мир за 2019 се премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, објави синоќа грчката новинска агенција АНА-МПА.

Во синоќешните централни изданија на вестите на грчките телевизии, прилозите беа за свеченоста на која беше подигнато знамето на НАТО пред владата, а грчките новинари акцентот го ставија на говорот на премиерот Заев и употребата од негова страна на името Северна Македонија.

-Кревањето на знамето на НАТО пред објектот на владата од каде е отстрането името Република Македонија, се одржа во Скопје, а Зоран Заев три пати ја спомена неговата земја со новото име Северна Македонија, објави грчката државна телевизијата „ЕРТ“ во прилогот посветен на свеченоста во Скопје.

Во продолжение, грчката државна телевизија се задржа на соопштението од македонската Влада и стапувањето во сила на новото име, откако претходно од Атина до Скопје беше испратена вербалната нота.

-На свеченоста беше и официјално споменато новото име со оглед на тоа дека премиерот Заев неколку пати го изговори името Северна Македонија, објави грчката телевизија „Антена“.

Со сличен коментар беа и прилозите на грчките телевизии „Алфа“ и „Скај“, додека, пак, новинарот од „Стар“ рече дека премиерот Заев, во неговото обраќање, осум пати го споменал новото име Северна Македонија.

Телевизијата во прилогот на почетокот на централното издание на вестите, во прилогот, акцентот го стави на промената на таблите со новото име и од едната и од другата страна на границата.

-Околу 100.000 возачи, кои секојдневно се движат на северната граница на земјата, веќе нема да ги среќаваат таблите со име ПЈРМ или ФИРОМ, бидејќи ќе се заменат со нови на кои ќе пишува Северна Македонија, објави грчката телевизија „Стар“, а новинарот објасни дека штом се сменат таблите на граничниот премина кај нас, грчкото МНР ќе даде упатства до префектурите за да се заменат и во Грција.

Официјалното стапување во сила на новото име се најде и на насловните страници на денешните изданија на весниците „Катимерини“ и „Ефимерида тон синдактон“.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе