Грчките медиуми за неизвесноста околу датумот за Северна Македонија

Атина, 18 октомври 2019 (МИА) – На непроменетиот став на Франција во однос на европската перспектива на Северна Македонија и Албанија го ставаат грчките медиуми акцентот во текстовите за Самитот на ЕУ и недонесената конкретна одлука за проширувањето.

Грчката државна телевизија ЕРТ во пладневното издание на вестите објави дека за проширувањето на Европската Унија и европската перспектива на Северна Македонија и Албанија утрово одново се дискутира на вториот ден од Самитот на ЕУ, jави дописничката на МИА од Атина.

Голем дел од грчките медиуми го презедоа текстот од новинската агенција АНА-МПА под наслов „ЕУ: Не постоеше договор за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија“, во детално се пренесени изјавите од прес – конференцијата во Брисел.

Франција беше една од трите земји што го спречија почетокот на пристапни преговори и раздвојување на двете кандидатури, објави АНА-МПА и повикувајќи се на француски дипломатски извор пишува дека разговорите за проширувањето на ЕУ биле долги и тешки.

-Никаков текст за ова прашање не беше усвоен, бидејќи не постои договор за да почнат пристапните преговори, рекол францускиот дипломатски извор за АНА-МПА.

„Самит на ЕУ: Три земји го блокираа почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија“; „Француско вето за интеграција на Северна Македонија и Албанија во ЕУ“; „Блокада од Франција за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија“; „Стоп од Макрон за Скопје и Тирана во ЕУ“; „Мицотакис и Ципрас поддржуваат интеграција на Северна Македонија и Албанија во ЕУ“; „ЕУ без договор за преговори со Северна Македонија и Албанија“, се дел од насловите во онлајн изданијата на медиумите во Грција.

-Владини извори објаснуваат дека синоќешната разврска не значи дека прашањето е одложено. Од една страна прашањето може денес повторно да биде ставено на дискусија за време на вториот ден од Самитот на ЕУ, а од друга страна, предвидено е лидерите на ЕУ конечно да дадат зелено светло на еден од следните самити, ако денес нема некаква разврска, пишува „Нафтемборики“.

-И покрај многучасовниот состанок на првиот ден од Самитот во Брисел, не излезе бел чад за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, пишува информативниот портал „Њузит“.

-Франција, поддржана од уште две земји, ги блокираа пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија, ширејќи разочараност и во двете балкански земји, пишува „ Ефимерида тон синдактон“

-„Vive la France“ ќе извикаат оние кои се скептично за интеграцијата на Албанија и Скопје во Европската Унија, бидејќи по маратонската дискусија на 28-те европски лидери што заврши кусо пред 3 часот, ја официјализираа неможноста за постигнувањето договор, пишува „Прото тема“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Регион

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more
 

Вести

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе