Горат стрништата во Овчеполскиот и источниот регион

Штип, 20 Февруари 2019 (МИА) – Земјоделците од Овчеполскиот, но и од целиот источен регион интензивно ги платат стрништата, со што се подготвуваат за претстојната пролетна сеидба на нивите. Но, запалените стрништа деновиве направија и големи штети на останатите земјоделци. Билтенот на СВР-Штип денеска нотира неколку пожари, во кои има големи материјални штети од запалените стрништа.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова информира дека вчера околу 12.00 часот на место викано Кривчева река, атар на Свети Николе настанал пожар со кој била зафатена површина од околу еден хектар лозје и стрниште. Пожарот е локализиран од страна на ТППЕ – Свети Николе.

„Вчера  во периодот од 13.00-14.30 часот на место викано Суви Дум, атар на село Горобинци, Свети Николе настанале три пожари, со кои биле зафатени пет декари  лозови насади и околу четири  декари стрниште. Пожарот е локализиран од страна на пожарникарите од Свети Николе“, вели Панајотова.

Голем пожар од вчера има на место викано Џуанец, во атарот на беровското село Двориште, со кој била зафатена поголема површина сува трева, ситен шумски отпад и грмушки, јасика и бор, опожарени биле и објекти сопственост на В.К. од село Двориште. Пожарот околу 20.30 часот се проширил и го зафатил место викано Дополовски колиби, кое е во близина на границата со Република Бугарија.

Панајотова вели дека во тек е гаснењето на овој пожар. Пожарникарите од источниот регион неколку пати алармираат дека штетите се големи, што се прават со палење на стрништата, а тие интервенциите мора да ги прават со застарените возила и опрема. Бараат на терен да излезат државните инспектори, коишто имаат ингеренции да ги казнуваат несовесните земјоделци, што ги палат нивите пред претстојната сеидба.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Read more
 

Вести

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе