Вести
Корисна алатка

Google ќе им овозможи на градовите во Европа да ја мерат загаденоста

10. октомври 2019 - 13:43 | Б.С.Б.

Алатката што Google ја понуди во САД за градовите да ја мерат загаденоста и нивото на емисии отсега е достапна и во Европа.

Станува збор за алатка која комбинира податоци за транспорт и изградба од Google Maps со јавно достапни информации за емисии. Алатката на почеток ќе биде достапна во Бирмингем, Манчестер, Даблин, Копенхаген и во други градови, а се планира проширување низ Европа и други континенти.

Секој град може да се пријави преку онлајн формулар.

Алатката Environmental Insight Explorer (EIE) нуди податоци во четири категории, а тоа се емисии од изградби, емисии од транспорт, генерални емисии и соларен потенцијал. Целта на алатката е да им помогне на градовите да ги видат промените потребни за да се намалат емисиите. Меѓу решенијата можат да бидат велосипедски патеки или поставување соларни панели на згради.

Во друг проект наречен Air View, автомобилите користени за Google Street View го мереле загадувањето на воздухот додека се движеле низ градовите вклучувајќи ги Лондон и Копенхаген. Овие податоци исто така се споделуваат преку EIE алатката.