Љубов и секс

Големината на пенисот може да има врска со неплодноста

11. октомври 2018 - 15:55 | А.С.

Мажите обично не знаат дека се неплодни додека немаат проблеми со зачнување со партнерката и не направат анализа на спермата.

Има разни фактори за намалена плодност и за неплодност, а едно најново истражување покажува дека и големината на половиот орган може да биде поврзана со неплодноста, пишува „Telegraph“.

Истражувањето спроведено на Универзитетот на Јута покажа дека мажите со помал пенис почесто имаат проблем со неплодност.

Во истражувањето биле опфатени 815 мажи кои ја посетиле универзитетската клиника од 2014 до 2017 година.

Неплодните мажи имале пенис пократок од 10 сантиметри, а плодните подолг од 13 сантиметри.

Ова е прво истражување во кое се поврзуваат големината на пенисот со неплодноста, меѓутоа лекарите нагласуваат дека нема простор за паника бидејќи малиот пенис не значи дека секако не сте плодни.

Плодноста кај мажите може да се подобри со зголемување на квалитетот на живеење, односно исклучување на алкохолот и цигарите и внесување на повеќе овошје и зеленчук во исхраната.