Новак Ѓоковиќ водеше голема битка во второто коло на Австралија опен каде жестоко се бореше со домашниот тенисер Алексеј Попирин кој му одзеде сет.
Во четвртиот сет, кога резултатот беше 2:2, дојде до расправии со некој од публиката.
Не беше јасно што точно се случило, но Новак му пријде на некого од трибините. Отиде речиси до крајот на теренот каде што почнуваат трибините и повика некого од публиката да се симне кај него.
„Симни се и кажи ми го в лице“, му рече Новак на навивачот, а тоа го сними и камерата за време на преносот.
Новак натпреварот го доби со 3:1, или по сетови 6-3, 4-6, 7-6 и 6-3. Во третото коло в петок ќе игра против Аргентинецот Томас Мартин Ечевери.