Го фрлија во оган против Јуве, а тој стана голман на колото
Со само 18 години Стефано Турати дебитираше во Серија А и тоа не против било кој, туку против Јувентус и тоа на гости во Торино.
Младиот голман на Сасуоло е јунакот на изминатово коло во Италија. Иако прими два гола, а вториот од пенал, со своите одбрани ги спречи Гонсало Игуаин, Кристијано Роналдо и Пауло Дибала да постигнат голови.
Дополнително, неговиот тим остана непоразен играјќи 2:2. Турати беше фрлен в оган откако првиот голман Андреа Консиљи и неговата замена Џанлука Пеголо се повредија.