Gmail ја исклучи опцијата Dark Mode за некои корисници

Многу корисници на апликацијата Gmail забележаа неочекувана промена – исчезна една од најновите опции.

Можеби опцијата Dark Mode (темен режим) не е најомилена меѓу корисниците, но е многу добра за дисплејот на вашиот телефон (ако имате  OLED екран), а исто така е помалку напорна за очите.

Компанијата Google почна со воведување на опцијата Dark Mode за својата апликација Gmail, наменета за оперативните системи Android и iOS, од септември, 2019 година.

Од Google тогаш рекоа дека за оние корисници кои веќе користат Android 10 или iOS 13 и имаат Dark Mode вклучен на системско ниво, Gmail автоматски ќе се прилагоди на Dark Mode.

Сега е исклучена можноста да се активира темниот режим со постапката: Gmail -> Settings -> General settings -> Theme.

Ова се однесува главно на телефони со оперативен систем Android 10, но и некои iOS корисници се жалаат дека веќе ја немаат опцијата.

Засега од Google се немаат огласено во врска со исчезнувањето на опцијата Dark Mode за Gmail апликацијата. Можно е да станува збор за едноставна грешка, но исто така е можно компанијата да открила проблем со темниот режим и свесно ја повлекла опцијата.

реклама

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе
  • play_arrow

Со IQ 228 се смета за најпаметна во светот, а ретко кој слушнал за неа

Читај повеќе

Instagram воведува голема промена

Читај повеќе

Apple испрати важно предупредување до корисниците

Читај повеќе

Кинескиот ракетен мотор тежок 130 тони собори рекорди за време на тестирањето

Читај повеќе