Гледајте го во живо концертот на Симон Трпчески во Јужна Кореја

На овој линк на YouTube можете во живо да го следите концертот на најдобриот македонски пијанист, маестро Симон Трпчески.

Тој денеска ја завршува тридневната турнеја во Јужна Кореја со настап во градот Чунчеон. Вчера настапи во Вонџу, додека завчера во Џонсеон.

Почетокот е закажан за 11.30 часот по македонско време.