Главниот технички директор заминува од Мерцедес

Ф1
Макфакс
/ 01.11.2023 / 09:54

Главниот технички директор на Мерцедес, Мајк Елиот, по завршувањето на сезоната ќе го напушти тимот, потврдија од Мерцедес.

„После 11 неверојатни години, главниот технички директор Мајк Елиот одлучи да го напушти тимот. Мајк беше еден од столбовите на достигнувањата на тимот и му благодариме за сѐ што донесе во тимот. Ти посакуваме многу среќа во твоето следно поглавје Мајк“, објави Мерцедес.

Елиот, кој ги замени позициите со сегашниот технички директор Џејмс Алисон како дел од реструктуирањето на тимот пред Големата награда на Азербејџан во април, го напушта Мерцедес, каде што работи од 2012 година.

„Една од најголемите привилегии во мојата кариера беше да се биде дел од овој тим на Мерцедес. За време на мојот мандат видов дека расте од група луѓе кои се собраа да победуваат на трки, до прва шампионска титула, до рекордни осум последователни конструкторски титули. Горд сум што придонесов за тоа“, рече 49-годишниот Елиот.

Мерцедес е без победа оваа сезона, а возачите Луис Хамилтон и Џорџ Расел освоија седум подиуми.

„Иако не победивме во последните две сезони, бевме тестирани на многу други начини и бевме принудени да ги доведеме во прашање нашите фундаментални претпоставки за тоа како ги постигнуваме перформансите. Во последните шест месеци, уживав во развивањето на техничка стратегија, за која се надеваме дека може да ги постави темелите на следната успешна серија на тимот“, рече Елиот.

Елиот се пресели од Рено во Мерцедес како шеф за аеродинамика, а потоа го замени Џеф Вилис како директор за технологија во 2017 година. Пред две години тој стана технички директор, откако Алисон се пресели на нова позиција во тимот, главен технички директор.

Сепак, тие ги сменија работните места на почетокот на годината откако Елиот одлучи дека неговите вештини не одговараат на улогата технички директор.

Мерцедес моментално е втор во шампионатот за конструктори, Хамилтон е трет во шампионатот за возачи, а Расел е осми.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Ф1

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Read more

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе